| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција во Европа: Изгасната интернет мрежа на 87.000 педофили, 14 уапсени

Европол: Уапсени 14 педофили, изгасната интернет платформа

Во акција која траела пет недели уапсени се 14 лица осомничени за сериозно сексуално злоставување на деца и дистрибуција на голем број на видео-материјали на кои се прикажувало силување на деца, соопшти европската полиција.

Во акцијата работеле германското сојузно обвинителство и сојузната канцеларија а крим-полицијата со поддршка на Европол. Освен апсења, изгасена е и интернет платформа за злоставување на деца „Елисиум“, основата 2016 година и која била достапна единствено преку „дарк интернет“.

Платформата била направена како форум,  а имала 87.000 членови. КОристена била за размена на материјали на која биле прикажувани злоставувања на деца. Групата имала групи за чет во Германија, Франција, Шпанија и во Италија.

Гlавниот осомничен маж од Германија (39) е идентификуван и уапсен по неколкумесечно истражување, а се сомничи дека ја водел платформата и обезбедувал техничка инфраструктура за работа.

Вториот уапсен е од Баварија (61),  а осомничен е за производство и ширење на материјали за злоставување на деца од пет до седум години.

Уапсен е и маж (56) од Баден Вимберг кој бил модератор на платформата и група за четување.

Сите уапсени се наоѓале и комуницирале преку платформата „Елисиум“.

Од Европол посочуваат дека истрагата продолжува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top