Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа експресно се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Денаин, Франција.
Во четвртфиналната пресметка, Ѓорческа во два сета, за час и половина игра, со 6-3,6-1 славеше против јапонската тенисерка Кихиро Мураматсу.
Лина Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, утре во полуфиналето ќе игра против подобрата од домашната пресметка меѓу Арчанџоли и Алби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.