| четврток, 6 декември 2018 |

Енис Барди меѓу најголемите ѕвезди на младинското Европско првенство во Полска

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е меѓу најголемите надежи на европскиот фудбал кои оставиле најсилен впечаток на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година, според престижниот италијански весник „Газета дело спорт“.

Италијаните го сместуваат меѓу десетте фудбалери за кои помалку се знае во Европа, а кои навистина во следниот период може да бидат интересни на пазарот за големите европски клубови.

„Газета дело спорт“ не ги сместува во оваа листа Шпанците Марко Асенсио и Саул Нигез, како и Португалците Брума, Ренато Санчез, но и добар дел играчи од германската селекција кои, според нив, веќе се изградени фудбалери јасно профилирани на светскиот пазар, но издвојува имиња кои се помалку познати.

Па, Енис Барди е издвоен како еден од најдобрите поединци во средината на теренот, модерен профил на играч кој би го посакал секој клуб. Покрај Барди, се и Полјаците Бартош Капуцка, Давид Ковнацки и Јан Беднарек, потоа Чехот Патрик Шик, Ласло Бенеш од Словачка, Дани Себаљос од Шпанија, Јамес Јанкто од Чешка, Англичанецот Џордан Пикфорд и Чехот Лукаш Винтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top