Трагичната снимка прикажува што се случувало во кок-питот на хеликоптерот во кој се наоѓала невеста која тргнала на сопствената венчавка.
За жал, младата Бразилка Росемере до Насименто Силва загинала заедно со својот брат, пилотот и фотографката која била во шестиот месец од бременоста.
Младоженецот, Удрили Дамасено, ја чекал Росемере пред олтарот, кога хеликоптерот одненадеж се урнал, на околу километар од местото на венчавката.
Дамасено и 300-те гости не ни знаеле дека Росемере планира на таков спектакуларен начин да дојде на венчавката.
Полицијата се обидува да ја утврди точната причина за несреќата, но се наведува дека видливоста била слаба, и дека било облачно со дожд. Се претпоставува дека поради слабата видливост удриле во дрво.
Кога еден од организаторите на венчавката сфатил дека хеликоптерот уште го нема, почнал да се загрижува и на крајот го нашол урнатото летало. Трагичната вест на младоженецот му ја соопштил свештеникот.
Пожарникарите брзо се упатиле кон местото на несреќата, но не можеле да ги спасат патниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)