Тенискиот свет може да се радува на новата Марија Шарапова. Станува збор за Британката Кети Батлер (20), која е 238. тенисерка на ВТА листата.
Tаа се натпреваруваше во првото коло на третиот грен слем турнир Вимблдон, каде претрпе елиминација од Американакта Мејхејкл со 6:3, 5:7, 3:6, но и покрај поразот, со самата појава на големата сцена ги привлече аплаузите на своја страна. Несомнено, уште од сега Кети е новата секс “бомба” во белиот спорт.
Британеците се надеваат дека ќе напредува и на играчки план и во блиска иднина ќе виде конкурентна и на ВТА листата, како што е конкурентна во убавината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.