Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не се согласува со ММФ за ново кратење на грчкиот долг. Како што пренесува грчки „Етнос“, според Шојбле, еврозоната нема таква обврска. Неговиот став беше пренесен од повеќе весници. „Дојче веле“ го цитира делот во кој тој категорично ја отфрла веројатноста за кратење на грчкиот долг. „Ханделсблат“ вели дека министерот ги уверил пратениците дека други држави од еврозоната не преземаат вакви мерки.
ММФ во својот извештај за програмата за Грција признава дека направил грешки, па обелоденува дека решението се гледа во еврозоната и во натамошните намалувања на грчките обврски по 2014 година.
За Шојбле, тоа е само „интерпретација на ММФ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.