„Ова лето ќе се памти“ – е најновиот летен хит на Влатко Лозаноски. Песната е веќе неколку недели на врвот од топ-листите на радиостаниците низ земјава. Лозано и овој пат не го промени тимот на соработници. Како автори на оваа песна се потпишува братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски. Не за бадијала велат: Тимот кој што победува, не се менува…
– Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава … “Ова лето ќе се памти” им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика – вели Лозано.
Песната пред неколку дена го доби и својот видеозапис кој го изработи Бојан Тасетовиќ и неговиот тим од „Веста продукција“ од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)