Наместо регулирање на продажбата и откупната цена на лубениците како што ветуваше СДСМ во изборната кампања, македонските земјоделци периодов се соочуваат со се повеќе проблеми за да ги пласираат своите производи. Се уште не решен проблемот со откупот на праските, кои пред неколку дена земјоделците од Росоман ја фрлаа по улиците, сега и производителите на лубеници мака мачат со продажбата.
Цената од 3 денари по килограм не е доволна за покривање на основните трошоци за производство по единица површина, поради што земјоделците бараат дополнителни мерки за да се покријат трошоците. Во недостиг на мерки од ресорното министерство, производители на бостан се оставени сами да се снаоѓаат во пласманот, каков што е случајот со овие продавачи на лубеници во Прилеп.
На социјалните мрежи се појави видео на кое продавачи на лубеници од струмичко се тепаат со стапови среде Прилеп. Деновиве цената на лубениците во струмичко се движи околу 3 денари за килограм и во желбата да се заработи повеќе, земјоделците се обидуваат своето производство директно да го продаваат во други градови во земјава.
Земјоделците се разочарани и огорчени од новата Влада и нивните празни ветувања. Зоран Заев во преизборната кампања истакна дека ќе обезбеделе натпревар помеѓу откупувачите, односно ќе донеле колку што е можно повеќе откупувачи за тие да се „тепале“ меѓусебно кој ќе плател повеќе.
– Ветувам како идна Влада ќе ги отвориме пазарите кои што се затворени за Македонија : Русија, Белорусија, Украина , Молдавија , Блискиот Исток. Ќе ги унапредиме со Европската Унија и бившите Републики од СФРЈ за да обезбедиме конкуренција, натпревар помеѓу откупувачите. Да донесеме колку можеме повеќе од откупувачите овде. Да се тепаат, да се натпреваруваат кој ќе плати повеќе, тој да го добие земјоделското производство, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)