Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез одлучил да остане во редовите на англискиот премиерлигаш Арсенал, информира чилеанскиот медиум „Терсера“, кој досега многу често ги имал вистинските информации за спортските ѕвезди од својата земја. По поразот во финалето на Купот на Конфедерациите, Алексис Санчез замина на заслужен летен одмор, а донел одлука да остане на „Емирати“ и да потпише нов договор со „топчиите“.
Се уште не е познато дали Арсен Венгер ќе му даде плата според неговите желби, 300.000 фунти неделно, но ова секако е одлична вест за фановите на Арсенал.
По најавата дека Александре Лаказет од Лион ќе се пресели на „Емирати“ за сума од 53 милиони евра, ова е уште една убава информација за „топчиите“. Венгер е се уште во трка и за ангажман на Килијан Мбапе од Монако, но тоа секако е тешко остварлив трансфер кој би требало да ги урне сите досегашни рекорди во светот на фудбалот. За него се интересираат и Реал Мадрид и ПСЖ, како и Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.