| четврток, 6 декември 2018 |

Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт

Истакнатиот шарен револуционер Љуми Бекири, кој беше во првите редови на минатогодишните шарен променади на тогашната опозиција, и кој се надеваше дека новиот живот што Заев го сее како магла ќе донесе поголеми права за хомосексуалците, со голема доза резигнација го коментира фундаменталистичкиот излив на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Ти се мочам на социјалдемократ што писанија од религиска книга му се аргументи, јас не гласав за ова, гласав за живот, а не за смрт, напиша на својот Фејсбук профил, Луми Бекири.

– Има ли некој нормален да го подучи Зекири како е можно човек што своите убедувања ги базира врз фундаменталистичка религиска основа и тоа гордо го изјавува, а е дел од социјалдемократска партија, пишува Бекири кој вели дека борбата се водела за секуларност, а не за фундаментализам.

Тој вели дека ова не е единствен испад на пратеникот Мухамед Зекири и дека имало други уште порадикални во однос на човековите права и секуларноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top