Проектот на КК Гостивар уште повеќе добива на сериозност откако денеска беше обелоденето дека дел од раководството на овој клуб станува и Перо Антиќ. Поранешниот капитен на националниот тим изразил интерес да стане дел од раководството на гостиварци, купувајќи 20 проценти од акциите во повратникот во елитното друштво.
– Можам да објавам дека добро познатиот кошаркар, Перо Антиќ, стана дел од КК Гостивар, купувајќи дел од акциите во клубот – изјави тим-менаџерот Младен Ѓуроски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.