Поранешната пратеничка и истакнат активист на СДСМ во емисијата “Вистина” на Канал 5 јавно призна дека огромни суми пари во невладиниот сектор влегувале од фондацијата СОРОС во Македонските НВО организации кога она беше директор на Македонскиот центар за европско образование.
– Во нашиот буџет годишниот буџет една третина од средствата доаѓаа од СОРОС. 200 000 евра беше потврди Лидија Димова.
Тоа значи дека само една организација од СОРОС секоја година добивала по 70 000-80 000 евра за да работи на уривање на ВМРО-ДПМНЕ и инсталирање на влада послушна на странските спонзори. Се обелоденува дека се работи за големи средства кои се употребени за остварување на странски интереси.
Со тоа се поврзува Организацијата на Џорџ Сорос кој во 1993 години, на почетокот на независноста на Македонија отворено бараше промена на знамето, со партијата СДСМ која во моментов во својата агенда има брз влез во ЕУ и НАТО притоа не кажувајќи како тоа ќе го стори. Очигледна е формулата која СДСМ сака да ја примени, со промена на името и обезличување на македонскиот идентитет да дојде до исполнување на ветеното кон надворешните центри на моќ кои им помогнаа да дојдат на власт. Ова не е изненадување земајќи во предвид начинот на делување на Премиерот Заев кој работи коруптивно и во неколку пати е фатен како зема мито за работи кои треба да ги заврши по закон како Градоначалник на Струмица, но кога за тоа треба да одговара пред суд е заштититуван од амбасади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)