| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановиќ: Одбраната на Србија е безвредна, загубивме дури и од Македонија

Поранешниот српски репрезентативец во фудбал Милан Јовановиќ спроти наптреварот меѓу Србија и Белгија, за белгиските медиуми ја критикуваше одбраната на својата репрезентација нарекувајќи ја „безвредна“, која била поразена „дури и од Македонија“.

–         Верувам во важноста на статистиката, а според неа одбраната на Србија е безвредна. Загубивме од Белгија, Хрватска дури и од Македонија. Од Белгијците примивме три гола, во Хрватска два и еден во Македонија, што е катастрофално – рекол Јовановиќ.

Јовановиќ е интересен за белгиските медиуми затоа што во периодот од 2006 година до 2010 година играше за Стандард, а по лошата претстава во Ливерпул, во 2011 година премина во Андерлехт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top