Штипјанец во обид за бегство од информативен разговор во штипската полиција, скокнал од прозорец и останал жив, јави дописникот на „Канал 5“.
Инцидентот се случил синоќа, кога по претходни оперативни сознанија, полицијата го повикала осомничениот за серија тешки кражби, 19-годишниот Т.Д., на информативен разговор во зградата на штипската полициска станица.
Во погоден момент, Т.Д. искористувајќи го невниманието на полицајците, скокнал од отворениот прозорец на терасата, а од таму директно на асфалтот од паркингот, на еден метар од куќичката на дежурниот полицаец.
За среќа, се здобил со лесни телесни повреди во пределот на нозете и од дежурните полицајци веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница, каде што по обработка на повредите е пуштен на домашно лекување.
За осомничениот полицијата ќе поднесе две кривични пријави. За дело сторени тешки кражби и обид за бегство.
Инаку, од полицијата велат дека ова е прв инцидент од ваков вид што се случил во полициската зграда по повеќе децении. Последно нешто вакво се случило во текот на седумдесетtите години од минатиот век, кога приведено лице на ваков начин направило обид за бегство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.