СДСМ ќе заврши со убедлив пораз пред граѓаните на Македонија. Затоа се сите овие приказни за избегнување и одложување на локалните избори. Затоа минатата година неколку пати имаше одложување на изборите каде што на Македонците им се порача „не смеете да гласате“. Луѓето ги знаеја резултатите од агенциите и затоа требаше да се направи една поширока операција која резултираше со постизборен инженеринг, но не може вечно да се бега од судот на народот, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за „Алфа телевизија“.
-Луѓето се загрижени за својата држава и гледаат што се случува. СДСМ не испорачува во ниту еден елемент, еден сегмент каде ја бараше довербата на граѓаните. Никој од нив нема намера да зборува за зголемување на пензиите, платите. Никој од СДСМ нема намера да каже еве во тој и тој град ќе донесеме нова фабрика и ќе се вработат 200,300,500 луѓе. Улогата на СДСМ е прилично јасна, да испорача она на што се обврзале, она на што огромен број на македонски граѓани се спротивставуваат и во сите тие битки, по победник е народот, бидејќи тој игра на домашен термин, вели Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)