Иснифарис Џемаили (67), овчарот во случајот Бачило, осуден за кривично дело “перење пари и друга противправна имотна корист и злоупотреба на службена положба и овластување“ на затворска казна од три години и шест месеци затвор, вчера бил фатен во Скопје, откако не се јавил во затвор и не донел лекарска документација, јави МВР.
Според појаснувањето што го добивме од МВР, Џемаили, во декември лани од Основниот суд Скопје 1 побарал дозвола да биде ослободен од затвор заради лекување. По лекувањето тој не ја доставил лекарската документација до судот и не се јавил во затвор по што судот пак распишал потерница по него.
Џемаили бил уапсен во Скопје.
Лани Џемаили ги изгуби сите пари, додека беше во затвор. Судот донесе пресуда со која се поништуваат сите хипотеки со кои досега тој го штитеше имотот од конфискација.
Правобранителството неколку години бараше начин како да си ги наплати парите и пред една година поднесе тужба, која вчера завршила со пресуда во корист на државата. Станува збор за имот вреден над милион евра.
И покрај извршната пресуда за наплата на парите во случајот Бачило, имотот на овчарот беше заклучен. Се што поседувал Иснифарис Џемаили со помош на нотарот Никола Стојменовиќ било заложено.
На државата и беа врзани рацете и не можеше да си го наплати долгот од 750 илјади евра, пари кои беа исплатени како оштета за бачило кое никогаш не било гранатирано.
Најпознатиот овчар меѓу бизнисмените и најпознатиот бизнисмен меѓу овчарите, неколку години беше и во бегство. Се криеше во Турција. Сите останати осудени завршија зад решетки, а само тој беше слободен и богат.
Покрај Џемаили, полицијата деновиве привела уште неколку осуденци во бегство:
Идавер Б. (58) од Скопје осуден на затворска казна од една година за кривично дело – “тешка кражба“; Марин П. (45) од Скопје за издржување едногодишна затворска казна за кривично дело – “тешка кражба“; Митко С. (42) од Скопје осуден со правосилна судска пресуда на една година затвор за кривично дело – “тешка кражба“; потоа Љупчо З. (38) од Скопје осуден на затворска казна од три години исто така за кривично дело – “тешка кражба“; Ѓоко Ѓ. (24) од Скопје осуден за кривично дело – “тешка кражба“ во врметраење од една година; и Дилавер Р. (53) од Скопје осуден на затворска казна во времетраење од две години и шест месеци затвор за кривично дело – “тешка кражба“;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


