| четврток, 6 декември 2018 |

Димишкова: Агенцијата за медиуми да биде релевантна институција каде ќе се обединиме сите

Агенцијата за медиуми да биде релевантна институција каде ќе се обединиме сите, порача денеска претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова, на денешната дебата на тема политички прогон на медиуми и новинари.

„Преку агенцијата за медиуми треба да се даде поттик. Агенцијата за медиуми да биде релевантна институција каде ќе се обединиме сите. Преку неа би требало да се даваат награди или ќе им се даде поттик на новинарите во делот на истражувањата, но и за фоторепортерите или снимателите“, предложи Димишкова.

На дебатата говореа претставници од македонската асоцијација на новинари и претставници од медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top