| четврток, 6 декември 2018 |

Комисијата за медиуми реагира: Телма и Алсат водат кампања на СОРОС/СДСМ

Привремената Комисија за Следење на Медиумското Претставување ги повика здруженијата на граѓани да го почитуваат Изборникот Законик во кампањите кои ги водат во текот на предизборниот период.

Реакцијата доаѓа откако телевизиите Телма и Алсат емитуваа спотови на Фондацијата Отворено Општество Македонија, како дел од кампањата Ние Одлучуваме.

-Тргнувајќи од обврската за почитување на Изборниот законик и обезбедување на позитивна клима за фер и демократски избори, Привремената комисијата ги повикува здруженијата на граѓаните и радиодифузерите да го почитуваат духот и словото на Изборниот Законик. Привремената Комисијата го почитува правото на граѓанските организации да организираат кампањи од јавен интерес и едукација на граѓаните, но при тоа да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес- пишува во соопштението објавено од страна на Агенцијата за Медиуми.

За време на вчерашниот состанок, членови на Комисијата укажале дека пораките од спотовите алудираат на пораки на партијата СДСМ, и дека со тоа се нарушуваат одредбите на Изборникот Законик со кои се регулира времетраењето и периодот на објавување на платените политички реклами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top