Во болницата во Пула, Хрватска почина 40-годишниот српски државјанин, кој го спаси својот 12-годишен син од давење.
Таткото во бессознание бил префрлен завчера од плажа во близина на градот, откако скокнал во вода и го извлекол детето, но брановите го удриле од карпите.
До несреќата дошло откако детето сакало да се слика на карпа, но по ударот од силен бран се нашло во морето.
На помош дошле и други капачи на плажата во заливот Гортан, го извлекле таткото, а потоа половина час докторите од Итната помош се обидувале да го реанимираат .
Според очевидците, детето стоело на карпи и го фотографирало морето, но изненадно бран го соборил и го повлекол во длабочините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.