Анкетниот лист на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Најголемата вредност во имотниот лист е уделот во групата „Фероинвест“ каде шт Анѓушев е содружник со 80 отсто од акциите чија вредност, според анкетниот лист, е над 21 милион евра.
Според анкетниот лист кој Анѓушев денеска им го подели на новинарите, тој поседува една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград.
Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.
Возниот парк на Анѓушев се состои од „масерати“, „порше каен“, „мини кантримен“. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници, кои ги проценил на 2,5 милиони денари.
Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка „регал“.
Неговата сопруга ја поседува фирмата „Офисрент“ со вредност од 630.000 денари.
Анѓушев пријавил четири заеми во вкупна вредност од 82 милиони денари, а во неколку банки има заштеди од 1,2 милион евра и над 4,6 милиони денари.
Со ваков анкетен лист Анѓушев одлучи да се откаже од државната месечна плата од 81.000 денари. Најави дека ќе ги донира во добротворни цели.
-Не се срамам што сум богат. Не се срамам од тоа што сум заработил. Нека се срамат тие што не плаќале данок тука. Јас имам даночни пријави и сум плаќал во оваа држава – изјави Анѓушев на брифинг во владата.
Зоран Заев, лидерот на социјалдемократите во интервју за МРТ изјави дека сѐ уште е дел од средната класа иако за капиталот на неговото семејство изјави дека изнесува 6-7 милиони евра. Веројатно и Анѓушев е дел од средната класа на Заев. Трендот на средна класа од типот на Заев го следат и останатите функционери. Вака ли Заев ја враќа средната класа?!
-Лично јас спаѓам сѐ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство кое што има 820 вработени. Капиталот е проценет на некои шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството, обидувајќи се редовно да дадеме плата и платиме даноците на државата и генерираме нови производи, нови продукции кои значат нови инвестиции. Се што имаме е овде во Македонија- вели Заев при гостување во Дневникот на МРТ.
За тоа како тоа возможно со 6-7 милиони евра да бида дел од од средна класа, Заев вели:
-Тоа е моето семејство, мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот имот лично заедно со возилата мои и на сопругата вреди некои 60-70-80 илјади евра. Јас сум транспарентен политичар и реално она што со мојот работен век од некои 17 години години го имам создадено и секако моето семејство– вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)