Граѓаните на Тетово стравуваат за своето здравје и повикуваат од локалната власт да ја дислоцира дивата депонија во градот.
Граѓанската иницијатива „За чисто Тетово“ денеска информираше дека постои план за дислокација на депонијата од Тетово во непосредна близина на патот кој што води кон селото Требош и тоа само со четири контејнери кои наводно би биле само претоварна станица. Ефтим Ѓуровски вели дека за ова нема никаква согласност, ниту од локалната власт, ниту од повисоките државни органи.
– Дивата депонија во Тетово е темпирана еколошка бомба која секој ден може да експлодира. Оваа депонија е вон сите стандарди. Тони ѓубре се наоѓаат на еден километар од плоштадот во Тетово. Тони ѓубре се наоѓаат на стотина метри од зелениот пазар во Тетово. Тони ѓубре се наоѓа на десетина метри од индустриските објекти, истакна Ѓуровски.
Тој потенцира дека неспособноста на локалната власт да се справи со овој комунален проблем кој се заканува по здравјето на десетици илјади граѓани без разлика на верската, етничката, политичката или каква било припадност веќе подолго време го загрозува здравјето на Тетовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)