| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата наместо да решава проблеми, ги префрла на други

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата нема способност да ги решава проблемите, а според нив, последен пример за тоа се случаите со „Еврокомпозит“ и МЖ Транспорт. Во соопштението се наведува дека Владата се пофалила оти го решила проблемот, но наместо тоа, како што се посочува, само ги префрлила проблемите на друг.

– Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност, и никако не може да се нарече решавање на проблем, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата наместо да се зафати со работа, препорачува други претпријатија да одлучуваат за загубарите.

– Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт, вели ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top