Специјалната војна против Македонија влезе во нова фаза, смета новинарот и аналитичар Цветин Чилиманов, кој учествува на трибината што ја организира Институтот „Павел Шатев“.
-Се прави обид да се возобнови едноумието и тотатитаризмот во Македонија.
Партиски инструирана јавно обвинителска институција сјо прави обид да ја уништи вмро дпмне во јасна координација со сдс и надворешен фактор.
ВМРО-ДПМНЕ за нив е несфарлива политичка елита, која, сепак, ја добива довербата од народот, вели Чилиманов.
Тој нема сомнежи дека мотивите се јасни – ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на македонскиот суверенитет и националнините интереси. Во меѓувреме, новата влада која ветуваше брзи интеграции без губење на идентитет, доживе порази од Брисел без брзи интеграции, од Атина- каде е сеедно кој е на власт во Македонија, бидејќи целосно мора да се разобличи македонското име и идентитет.
-Сведоци сме на барањата на Софија за земање на македонскиот идентитет преку историјата, но и палење на иредентизмот во регионот преку прифаќање на Тиранската платформа. Јасно е зошто е потребно тие сили да се справат со единствената која стои на тој пат – ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Чилиманов.
Од друга страна, потенцира тој, евидентен е нападот врз медиумите кои изнесуваа точни факти и за интенциите и за аматеризмот на СЈО и Катица Јанева.
-Медиумите кои се под постојан напад на СЈО се главна пречка на СДС и нивните надворешни ментори – со што дефакто нападната е демократијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)