Македонската опера и балет со балетскиот ансамбл на МОБ, во наредниот месец јули, ќе оствари неколку гостувања на летните фестивали во регионот на Балканот.
На 06.07.2017 солистите и ансамблот на балетот на МОБ, во Пловдив, Бугарија ќе ја изведат балетската класика „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус. Претставата е во рамките на фестивалот Opera Open 2017.
На 14.07.2017 балетот на МОБ на фестивалот Охридско лето ќе ја изведе својата најнова продукција „Ла ла ла“ на музика од Драга Ѓаконовски-Шпато и Тодор и Дуке Бојаџиеви. Кореографијата е на Саша Евтимова, а настапуваат солистите на балетот.
На 19.07.2017 во Сплит, во рамките на фестивалот Сплитско лето, ќе биде изведен современиот балет „Црвената соба“, работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“, во моментов, Киров е Уметнички директор на балетскиот ансамбл во театарот во Сплит, Хрватска. Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен.
Сценограф е Марија Ветероска, додека костимограф, Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров. Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.