| четврток, 6 декември 2018 |

Од овој момент Дани Алвеш е слободен играч

Дани Алвеш е слободен играч откако Јувентус попладнево објави дека го раскинува договорот со поранешниот фудбалер на Барселона. Десниот бек пристигна минатото лето како слободен играч, а во последните триесетина дена во неколку наврати ги лутеше челниците на клубот, пред се со пораките до Пауло Дибала дека треба да си замине доколку сака да напредува во кариерата.

Свесни дека страстите не можат да се смират, а со цел ситуацијата да не ескалира, челниците на Јувентус разговараа со агентот на Бразилецот, за денеска да биде обелоденето дека и дефинитивно е раскинат договорот меѓу италијанскиот првак и Дани Алвеш.

По ваквиот развој на настаните, веќе нема никакви пречки Дани Алвеш да се пресели во Манчестер сити, трансфер што го договори уште пред петнаесетина дена со својот поранешен тренер од Барселона, Пеп Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top