На прес-конференција, пто се одржа во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Никола Груевски рече дека ова што СЈО го прави е срам и кукавички чин и дека СЈО не е обвинителство туку политичка канцеларија на СДСМ.
–Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонењена политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна на денешната прес-конференција претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Груевски потенцира дека најголем доказ дека СЈО е политички процес со политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази.
–Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминацијаи ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека целта на СЈО е да се елиминира политички партијата ВМРО-ДПМНЕ за слабеење на Македонија и дека целта на СДСМ била да се уништи една политичка гарнитура.
– Јас ќе им порачам дека нема да не скршат, ние остануваме на бедемот на државата. Нашиот грев е што 11 години бевме на браникот на одбраната бранејќи го интересот на државата, рече Груевски.
На прес-конференцијата тој зборуваше за омраза на СДСМ и дека партиски луѓе на Заев биле во контакт со обвинители од СЈО и им давале насоки како да дејствуваат.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ исто така посочи дека се „нападнати и судии, членови на ДИК, новинари, поради критичко опсервирање“. Целта е да се заплашат судиите.
Вели дека тие се водени од омраза и гнев и од обврските кон налогодавачите идека тоа нема да го преспијат.
– Конструктивноста во нашето дејствување завршува денеска, дециден е тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)