| четврток, 6 декември 2018 |

Кубанската вакцина која го убива ракот на белите дробови пристигна и во Македонија

Стотина вакви вакцини се обезбедени и во Македонија, но се чека да станат дел од клиничка студија, оти само така безбедноста на пациентите ќе биде под контрола. Постојат точно одредени протоколи по кои мораат да се приддржуваат лекарите, односно протоколи кои даваат насоки за тоа кој пациент има оправданост за примена на оваа вакцина.

И македонските пациенти чекаат да бидат лекувани со оваа вакцина. Вечер дознава дека стотина вакви вакцини од лани се обезбедени и во Македонија, но се чека да станат дел од научна клиничка студија, оти само така безбедноста на пациентите ќе биде под контрола.

Лекарите укажуваат дека постојат точно одредени протоколи по кои мораат да се приддржуваат, односно протоколи кои даваат насоки за тоа кој пациент има оправданост за примена на оваа вакцина. Според нив оправданост за примање на вакцината се пациенти кои се новодијагностицирани во трети или четврти стадиум на болеста, каде што немааат алтернативна за друга терапија и кои претходно не примале хемотерапија.

Кубанската вакција CimaVax, која го лекува ракот на белите дробови се повеќе станува актуелна во светот, особено по нејзината употреба кај бројни пациенти каде покажала одлични резултати. Во мал број случаи задоцнета била употребата или пак се појавиле одредени нуспојави. Според статистиката вакцината е испробана кај 9.000 лица, а над 100.000 биле излекувани без да примаат хемотерапија, зрачење или хируршка интервенција.

Во Колумбија, Парагвај, Перу, Мексико, Бразил, Индија, Бразил, Кина, а во земјиве од регионов Србија и Босна и Херцеговина веќе успешно ги лекуваат дел од своите пациенти со таканаречената кубанска вакцина.

Оваа вакцината во Куба се подготвувала околу 20 години, а се препорачува за болни од рак на белите дробови во трети и четврти стадиум за кои не постои друга терапија за лекување.

Докторот од Куба Педро Камило Родригес, кој ја создал вакцината тврди дека го забавува ширењето на малигните клетки и го продолжува животот на болните и до 5 години.

Според него кај пациентите кои ја поминаале првата фаза на имунизација белеста преминала во хронична состојба како што е грипот.

– Ефектите се видливи кај пациентите кои примиле најмалку 4 вакцини. После најмалку година дена следење на тие пациенти се гледа напредок, а болеста преминала во хронична- изјавил за светските медиуми Родригес, создавач на кубанската вакцина.

Потврда за претпазливост на македонските специјалисти е и претпазливоста на стручните медицински лица од десетина европски држави меѓу кои и Велика Британија. Во овие земји се почнати клинички студии, но икако првичните согледувања во овие земји покажуваат дека вакцината дава добри резултати, сеуште траат клиничките испитувања и поради тоа не е регистрирана никаде во Европа.

Во земјите како Србија и БиХ од лани веќе е обезбедена кубанската вакцина, а лекувањето на нивните пациенти е доброволно. Пациентите пред да ја добијат треба да потпишат писмена изјава дека прифакаат да се лекуваат со неа. Наменета е само за болни од рак на белите дробови во потешка фаза од болеста.

Првите две инјекции се ставаат во раката, а потоа – уште две во ногата. Следниот прием е шема и може да се изврши дома во текот на неколку месеци. Цената на таква вакцина CimaVax  во Куба е околу 100 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top