Ана Курникова имаше талент за тенис, но повредите и, пред сè, модните писти ѝ застанаа на патот кон многу подобра тениска кариера. Убавата Русинка има три настапи на Ролан Гарос, а одигра сосема солидно.
Во 1997 година испадна во третото коло од тогаш најдоброрангираната светска тенисерка Мартина Хингис, а следните две сезони се проби до 4. коло, каде беше елиминирана од влијателните Јана Новотна (1998) и потоа од Мери Пирс во 1999 година.
Курникова со носталгија се потсети на тие времиња и постојано пред или за време на парискиот гранслем објавува слики од својот настап на Ролан Гарос во 1999 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.