Бројот на германски граѓани кои годишно заработуваат повеќе од еден милион евра нагло порасна, соопшти германската канцеларија за статистика.
Во 2013 година 17.400 даночни обврзници пријавиле приходи поголеми од еден милион евра, што е за 20 отсто повеќе отколку во 2010 година.
Просечен бруто приход во групата на милионерите изнесува 2,7 милиони евра.
Кај 79.200 даночни обврзници, кои имаат приход поголем од 250.731 евра годишно, се применува најголемата даночна стапка од 45 отсто.
Истовремено, 9,6 милиони даночни обврзници се ослободени од плаќање данок бидејќи нивните годишни приходи не надминуваат 8.131 евра.
Причините што оваа даночна статистика с еобјавува со три години задоцнување лежат во долгите рокови за даночна пријава. Во Германија тие можат да се предадат и две години по завршената фискална година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.