Аца Лукас поднел барање за развод на бракот од Соња. После повеќемесечно убедување да остане во брак со него, пејачот решил да ја претрка, па во вторникот во Третиот основен суд предал документи за развод.
-Соња уште пред неколу месеци реши да стави крај на бракот, во кој веќе подолго време не е среќна. Во последните две недели ја трпеше хајката на медимите, кои лажно ја обвинуваа дека е прељубничка, а Аца за сето тоа време се обидуваше да ја премисли и да се откаже од разводот. Неодамна и постави ултиматум,или да се смири со него или дека ќе ја тужи, а Соња остана рамнодушна на уцената. Тој реши да ја претрка и да поднесе барање за развод- рекол изворот.
Заради ситуацијата, Аца Лукас за време на финалната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ бил видно вознемирен, одбивал на зборува со новинарите и се криел зад сценографијата.
Цело време во раце му бил мобилниот телефон, а повремено го смирувале другите членови на жирито, не би ли направил нешто за што ќе зажали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.