По пишувањата на медиумите од соседството дека бракот на Аца Лукас и сопругата Соња е пред крај, како и за нејзината наводна афера со кошаркарот Марко Јариќ, по се изгледа и пејачот ја потврди разделбата со отвореното писмо кое и го упатил на Соња преку својот официјален Фејсбук профил.
– Моја изјава, или писмо, всушност најдобро да ја крстам како препорака. Драга моја љубов, всушност поранешна. Секогаш си ги сакала медиумите и да се сликаш, тоа ти одеше одлично покрај мене. Ова што сега го правиш со својот ПР, Немања Пајиќ, во најмала рака е не фер, да не речам грозно. Каков и да сум, јас сум татко на твоето дете. Јас мајката на моето дете ќе ја оставам да прави тоа што најмногу го сака, па и да му сместува афери на таткото на нејзиното дете. Ти ги оставам медиумите, па ти рекламирај се. Твојот советник одлично те води и советува. Не си ниту прва, ниту последна на која тој и го испрал мозокот и и’ ја уништил фамилијата. Јас повеќе нема да те вознемирувам, ниту да ти одговарам, напишал Лукас на својот Фејбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.