Кевин Митник еден од најпознатите светски хакери објаснува дека постојат два начини како да се „влезе“ во чиј било телефон. Уште полошо, тие начини не ги користат само љубоморните партнери, туку и разузнувачките служби и хакерите.
-Секако најопасно е кога напаѓачите можат физички да дојат до вашиот телефон. На интернет има софтвер кој може да се купи со месечни претплати од неколку десетици долари, а со кој може да се активира нечија камера или да се прочитаат сите пораки, дури и избришаните. МОже да се пресретнат дури и телефонски повици- објаснува Митник.
Вториот напад е на далечинско и не бара физички пристап до телефонскиот апарат. Со овие методи се служат владини и невладини организации за шпионски потреби и следење на криминални активности. Се работи за напади кои користат повредливост на софтверот. На пример, Митник наведе дека таков пропуст на платформата ИОС чини 1,5 милиони долари. За агенции кои на тојј начин можат да шпионираат милиони луѓе, тој износ е безначаен.
-Кај Андроид уредите, цената за таква повредливост е многу пониска, околу 200 илјади долари, бидејќи тоа се поранливи платформи- оценува хакерот.
Митник додава дека нема начин просечен корисник да открие има ли малициозни кодови на телефонот. Тоа што можат да го сторат е да внимаваат секогаш да користат последно издание на софтверот и да користат силни лозинки.
Ако сепак се појави сомнеж дека телефонот е инфициран со малициозен код, наједноставно решение за можната штета е враќање на фабричките подесувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)