| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ безусловно сака да му помогне на Бекер: Што и да ти треба, тука сум!

Oткако Стечајниот суд во Лондон минатата недела прогласи банкрот за германската тениска легенда Борис Бекер по барање на приватата банка „Арбутнот&Лејтам“ за долг од 3,5 милиони евра од 2015 година, Новак Ѓоковиќ јавно изјави дека е подготвен да му помогне финансиски.

-Ако можам да му помогнам на било каков начин, ќе го направам тоа. Му реков дека може да смета на мене. Иако не работиме заедно, сепак, сме пријатели. Многу блиски пријатели, стои во изјава на Ѓоковиќ што ја пренесува германси „Велт“.

Според изјавата на Новак, Бекер кажал дека целата ситуација е напумпана од медиумите и дека состојбата не е толку страшна како што се пишува.

-Ми рече дека не е толку страшно и дека медиумите ја направиле ситуацијата да биде драматична, додал Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top