| четврток, 6 декември 2018 |

Пресуда на Хаг: Холандија делумно виновна за смртта на муслиманите во Сребреница

Холандија е делумно виновна за смртта на 300 муслимани убиени во Сребреница, одлучи Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал. Судот во Хаг денеска се произнесе по жалбата за одговорноста на Холандија за убиството на илјадници муслимани во босанскиот град Сребреница пред повеќе од 20 години, јави ДПА.

Роднини на жртвите ја тужеа Холандија за улогата на мировниците од холандскиот контингент на ОН стационирани во градот во јули 1995 година за време на Војната во Босна, кога паравоените сили на боснаските Срби во Сребреница убија околу 8.000 мажи и момчиња и протераа илјадници жени, деца и старци од нивните домови.

Окружниот суд во Хаг пред три години одлучи дека холандските мировници требало да ги заштитат 300-те Бошњаци, засолнети во базата на ОН, а не да ги предадат на српските сили.

Веќе донесената пресуда беше обжалена од роднините, кои бараат одговорност за жртвите во Сребреница како од Холандија, така и од холандската Влада.

Сребреница и околните села беа претежно населени со Бошњаци, во доминантно српската источна Босна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top