Професорот на Штуловиот универзитет и поранешен министер за економија Абдулменаф Беџети вели дека македонските медиуми лошо го пренеле неговиот коментар за демографските процеси во земјава.
Тој вели дека во погрешно пренесената изјава која тој ја цитира од Истражување на универзитетот Сорбона од 1996 година се зборува за поинакви факти од тие што ги пренесоа медиумите.
Според извештајот на Сорбона Македонците би станале исти по број со најголемото налцинство во 2020 но само доколку продолжеле тогашните трендови според кои Албанците имале природен прираст од 19 промили кој што сега е намален на 8. Во истиот период кај Македонците прирастот е намален од 9 на 5.
Со оглед на тоа што дополнително според него емиграцијата во странски држави кај Албанците е многу поголема од колку кај Македонците воопшто не станува збор Македонците да станат наскоро малцинство.
Во изјава за ТВ Алсат Беџети пред неколку дена го загреа страстите и кај Албанците откако рече дека ако успеел пописот во 2011 постоело опасност тие да бидат под 20 ’% од вкупното население и со тоа да ги изгубат привилегиите од Охридскиот рамковен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Симовски: Не е исклучено во пописот да биде вклучена и етничката припадност
-
На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
За Беса Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците


