| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат исплови најголемиот британски носач на авиони „Кралица Елизабета“

Најголемиот воен брод и носач на авиони „Кралица Елизабета“ денеска првпат исплови од бродоградилиштето Росит, во источниот дел на Шкотска.

Бродот е долг 280 метри и може да плови околу 800 километри дневно. Изградбата на бродот траеше осум години и заедно со воениот брод „Приц“ од Велс претставува дел од одбранбената програма вредна шест милијарди фунти (околу 7,65 милијарди долари).

– Факт е дека тоа не се само бродови, тоа се поморски бази, кои имаат можност да вршат голем број функции и мисии, без разлика дали станува збор за борба со непријател или поддржување на британската индустрија во странство или дури и хуманитарна помош, изјави капетанот Џери Кид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top