Англиската кралица првпат, во повеќе од 40 години, одлучи за едноставна гардероба која ќе ја носи на церемонијата на отворањето на Парламентот.
Оваа година наместо вообичаената свечена облека која ја вклучува и круната, кралицата ќе носи дневен фустан и шапка. Тоа не се случило уште од март 1974 година кога лабуристичкиот лидер Харолд Вилсон го победи Едвард Хит на изборите.
Од Бакингемската палата стигна инфомација дека свеченоста ќе биде поедноставнeна заради одржување на изборите во Велика Британија, јави Дејли мејл.
Круната и другите симболи ќе бидат донесени во Парламентот, но кралицата нема да ги носи. Исто така, оваа година, наместо традиционалната кочија, кралицата на свеченоста ќе пристигне со автомобил.
Иако се појавија шпекулации дека на овој начин се намалува физичкиот напор потребен за церемонијални должности поради поодминатите години на кралицата, од Бакингемската палата тврдат дека на идните случувања кралицата ќе се појавува во вообичаена опрема.
Изборите оваа година го забрзаа распоредот на кралицата, па некои свечености се одложени, другите преостанати ќе се случуваат многу згуснато, па ќе има можност да се видат различни луксузни комбинации на облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.