| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја се закани: Подготвени сме да потопиме американски носач на авиони

Северна Кореја денеска се закани дека е подготвена да потопи американски носач на авиони за да ја покаже својата воена моќ во време кога два јапонски бродови се придружија на американската флота во западниот дел на Тихиот Океан.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди носачот на авиони USS Carl Vinson да заплови во водите околу Корејскиот Полуостров додека траат тензиите поради нуклеарните тетсирања на Северна Кореја.

САД не соопштија каде точно се наоѓа флотата, ниту дали е во дострел, но Северна Кореја е на готовс.

„Нашите револуционерни сили се подготвени за борба и за потопување на американски носач на авиони и тоа само со еден обид“, објави весникот “Rodong Sinmun” со кој управува владејачката Работничка партија.

Носачот на авиони во објавата е опишан како „грозен ѕвер“ што ќе биде потопен како пример за воената моќ.

Северна Кореја задутре ќе одбележи 85 години пд формирањето на војската, а секоја годишнина е пропратена со тестирања на разни видови наоружување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top