| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Савевски испровоциран од Курто: До кога бе вакви работи?! Нели СДСМ ќе донесеше промени?

Здравко Савевски од Левица, кој беше носител на кандидатска листа во петтата изборна единица, испровоциран од пратеникот Курто Дудуш,запраша: До кога бе вакви работи?!

Понатаму посочува:
Нели СДСМ ќе донесеше промени? Овие ли се промените, наместо Мурто – Курто? Две работи имам да ѝ порачам на новата влада:

1) Пратеникот Курто Дудиш под итно да си поднесе оставка. Ако не си поднесе после овој скандал, мора да биде разрешен од коалицијата што го кандидирала. Ако тоа не го направи, ќе се смета дека ваквите акти се со нејзина дозвола.

2) Еден од приоритетите на новата влада мора да биде решавање на проблемот со сиромаштијата, особено кај ромското население. Доста веќе се уценуваат за најосновни егзистенцијални проблеми! Доста се сметаат за граѓани од трет ред! Ако не се направи ништо во врска со ова, ќе се смета дека и оваа влада како и претходните намерно ја перпетуира сиромаштијата кај Ромите за да си обезбеди гласови преку давање на услуги кои по закон им следуваат!

Да се потсетиме на скандалот со Курто:

За сообраќаен прекршок, за на лекар, за вработување: Членската книшка на СДСМ станува втора лична карта (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top