| четврток, 6 декември 2018 |

НЛО над аеродромите во Мајами (видео)

Работниците на аеродромот во Мајами, останаа запрепастени, кога џиновско НЛО лебдеше над нив, расветлувајќи го ноќното небо.

Тие ги извлекоа своите телефони и снимаа фотки и правеа видео материјали од овој извонреден настан.
Погледнете го ова, wow, ќе го допрат опашот на авионите“, викаше еден човек, додека чудниот син облик полека се поместуваше преку ноќното небо.

Откако видеото го споделил на Live Leak, снимката ги донесе луѓето до заклучок дека овој настан има сличност со сличен таков во Норвешка во 2009 година, а кој се опишал како необично сино светло, на ноќното небо.

Некои од коментаторите на интернет изнесоа теории дека лебдечкото сино светло е резултат на полетувањето на НЛО.

Друг користник сметал дека за да страшното светло би можело да биде резултат на вбризгувачки честички во CERN, како резултат на разбивањето на протоните. Синото светло би можело да биде со интердимензионална неправилност.

Еден корисник изјави дека би можел да биде „Проектот Син зрак“ – „Blue Beam“, холограмска технологија која ја тестираат пред постапката на лажна инвазија на вонземјани, која ќе ја изведе американската влада.

„Тоа е она што се случува кога ќе прелетата 88 милји на час во DeLorean“, се пошегува друг корисник.

Но, некои теории се навистина приземни.

Еден корисник изјави дека тоа е лансирање на ракетите од подрачјето на Флорида, а други се согласуваат, тврдејќи дека „пареата која излегува од ракетниот мотор, водената пареа, која се кондензира на висока надморска висина формира облак на ледени кристали кои ја одржува светлоста од сонцето кое се наоѓа под хоризонтот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top