Пратеникот од СДС, Курто Дудуш, демантира, а веројатно ни самиот не знае што демантира. Три дена откако „Република“ објави видео во кое се слуша како објаснува зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ, Дудуш реши нешто да каже.
Во однос на објавата на порталот Република.мк со наслов “ПАРТИСКАТА КНИШКА ЌЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД ЛИЧНА КАРТА” објавен на 23 јуни 2017 година, би сакал да го дадам и мојот официјален став и демант.
Најпрвин да им порачам на опозициските медиуми да престанат со објави на како што би рекле тие “сечени, монтирани и лепени” видеа и изјави и доколку сакаат јавноста да има целосен увид во вистината во иднина да си најмат професионален преведувач од Ромски на Македонски јазик кој веродостојно ќе им преведува од почеток до крај. Во споделеното видео, предмет на нивната „ексклузивна” сторија, се говори токму за практиките на нивниот нарачател ВМРО. Вадењето од контекст е јасно дека е нивна првенствена задача, но најмалку што илустрирав јас е дека истата пракса ќе продолжи и понатаму. Партиска книшка до сега беше потребна и за вработување на чистачи. Тоа веќе нема да се случува – вели Дудуш во таканаречениот демант.
„Република“ нема да коментира. Позната е практиката на неговиот партиски лидер, да каже нешто, па после сам себе да се демантира. Ви го објавуваме видеото, па проценете сами за кого зборува – ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Се чини јасно се слуша за кого говори Дудуш.
Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)