| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска потресно: Татко ми на смртна постела ме молеше да не објавувам за разводот

Елена Ристеска не се воздржува да каже дека загубата на татка ѝ е мошне тежок удар за неа и дека неговото отсуство не го преболела. Фокусирана на работата бега од реалноста, како што вели во едно недамнешно интервју.

За него таа вели дека бил најдобриот човек на планетата.

Ми велеше: „Елена, ако те удрат по образ, сврти им го и другиот”. Затоа станав човек кој седи и чека да го удираат сите нешта и луѓе, скандали, непријатели и не преземам ништо по тоа прашање, само си ја чекам правдата од Бога. Имам чувство дека таков човек нема да се роди повторно. И криво ми е што ме воспита на негов начин, требаше да ме направи побезобразна и полоша, бидејќи таквите повеќе опстојуваат денеска.

Малкумина знаат дека татко ѝ на смртна постела ја молел да не објавува за разводот, иако  со поранешниот сопруг Бојан биле разделени уште од 2015 г.

Бидејќи имавме поприоритетна фамилијарна задача – да го спасиме животот на татко ми, а не да се занимаваме со споредни работи во тие мигови и да предизвикаме нови скандали. За разводот се објави многу подоцна, можеби една година дена откако бевме разделени, а во меѓувреме на целата таа болка и мака, бездушници искреираа скандал кој дополнително ја растажи целата моја фамилија, и само ќе кажам – нека им служи на чест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top