| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Естер Вилијамс- Холивудската сирена (видео)

Esther-Williams-staraАмериканската шампионка во пливање која стана филмска ѕвезда почина во сон на 91 година во Лос Анџелес, соопшти нејзиниот портпарол.

936full-esther-williamsНационален пливачки шампион на 16 години, успехот на Естер Вилијамс и помогна за холивудска кариера со специјално за неа создадениот „аква- мјузикл“ во 1940-тите.

Позната како Холивудска Сирена глуми во повеќе филмови во кои се појавува во спектакуларни костими за капење врз беспрекорното тело, заради што станува „бокс-офис ѕвезда“ во 40-тите и 50-тите години на минатиот век.

ester 2Содржините биле исполнети со љубовни песни и танцувачки афери, следејќи ја формулата за романса музика и комедија, секако барајќи различни приказни за хероината да падне во вода. Секако, најпознат филм е „Бал на вода“   .

Нејзини партнери беа Џин Кели, Френк Синатра, Ред Скелтон, Рикардо Минталбан и Хауард Кил.

Таа проба и улоги во кои не е во костими за капење, но без поголем успех. Во 1962 се повлече и се омажи со холивудскиот плејбој Фернардо Ламас.

Делови од нејзините филмови се употребени за снимање на спот за песна наречена, како поинаку, H2O.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top