| четврток, 6 декември 2018 |

Куп на Конфедерации: Победа на Германија за прво место во групата

Светскиот првак Германија со денешната победа над Камерун со 3-1 го освои првото место во групата Б на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија.

Германија до триумфот стигна со головите на Керем Демирбеј во 48.минута и на Тимо Вернер во 66.минута и 81.минута, додека голот за Камерун го постигна Винсент Абубакар во 81.минута.

На вториот дуел од групата Чиле и Австралија одиграа нерешено 1-1. Поведе Австралија во 42.минута преку Џејмс Троиси, а изедначи Мартин Родригез во 67.минута.

Чиле е вториот полуфиналист од оваа група.

Во полуфиналето на 28 јуни ќе играат Португалија – Чиле, а следниот ден е дуелот меѓу Германија и Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top