Во интервју за телевизија Алфа, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов кажа дека подоготовките за Суперкупот на 8 август се при крај и дека очекува истиот да се одржи во Скопје.
– Очекуваме купот на 8 август да се одржи во Македонија, во Скопје, така да овој Суперкуп, ќе биде најголемиот настан за 2017 година што ќе се случи во Република Македонија. Би сакал да напоменам дека сите подготовки се при крај, со тоа што работиме од она што за аплицирање за купот до завршните делови по сите оние контроли кои што следеа. Имаше околу осумдесетина контроли, каде во секое доаѓање во контрола се добиваа одредени забелешки по кои што требаше да постапуваме, минимални се сега забелешките и се сведуваме кон крај, за да може успешно да го реализираме Суперкупот во Скопје, изјави Грозданов.
Забелешките кои се дадени според него се многу мали и незначајни и ќе бидат лесно решени, а дел веќе се и решени.
– Станува збор за одредени забелешки кои према нас се незначајни и многу мали, освен две кои така малце повеќе држат простор за дискусија. Забелешките кои ги даваат за осветлувањето, за што се уште немаме добиено сертификат за официјалноста со кое осветлување ние располагаме, имаме интерен документ кој што укажува дека иако УЕФА ни наложи да имаме околу 1.800 лукса осветлување, ние имаме 2 400 лукса, што е над критериумите и барањата на УЕФА. Но, за жал сме немале средства и не сме уплатиле на време, па не сме го добиле овој сертификат кој што докажува дека го имаме тоа осветлување. Еден друг сегмент на кој укажуваат е дека УПС-те не се ставени во фунција, во однос на климатизацијата и во однос на осветлувањето во клубовите, односно во рестораните и во ВИП клубот. Станува збор за мала забелешка и таа е веќе отстранета, изјави Грозданов.
Тој надополни дека во сите минати посети на УЕФА, делот со УПС-те, осветлувањето во клубот и во сите други делови не биле дадени забелешки за тоа, а откако биле дадени проблемите биле веднаш решени.
– За нас остануваат две горчливи прашањa, кои ќе кажам дека се веднаш решливи, а тоа е отстранувањето на забелешката за климатизација. Станува збор за сума од 8 милиони денари, кои е потребно да се уплатат на сметката на фирмата, која што треба да ги донесе од Австрија надворешните централни единици за климатизација. Климатизацијата во ресторанот и ВИП делот е целосно завршена. Доколку ги добиеме и надворешните единици, останува само да се приклучат на внатрешните единици. Тогаш ќе имаме успешно отстранета забелешка на УЕФА. Единствениот горчлив проблем што останува е каде ќе бидам сместени ТВ возилата. Тие се возила со поголема тежина, можеби до 30 тони, кои што треба да имаат одредена стабилност на самото тло. Ние започнавме одредена процедура и се сведуваме при крај, каде што треба да поставиме армирана бетонска плоча, која што ќе даде одредена цврстина и сигурност на возилата, изјави Грозданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јавните претпријатија на Скопје на терен во пресрет на Супер купот
-
Владата да дозволи алокација на пари за Суперкупот, а не да губи време со пресови за оцрнување на некого
-
Енергетски ефикасна со 6 ката – Новата зграда на ПУИК готова до крајот на годинава (Фото)
-
Фотографирајте се со „Трофејот на УЕФА Супер Купот“: денеска ќе биде изложен пред ФФМ