Утрово околу 10.00 часот лицето Ш.С.(48) од село Глумово со пиштол извршил убиство на три лица, додека едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники.
Сторителот Најпрво пукал во три лица на ул.„П.Гиновски“. Од нив две починале, М.С. (33) и А.С. (20), двајцата од с.Глумово, додека третото лице, чиј што идентитет се уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување.
Потоа, сторителот заминал во с.Глумово каде што пукал во лицето А.Б.С. (56) од с.Глумово, кое исто така починало. Ш.С. потоа заминал од местото, а при обид да биде приведен од полициски службеници од единицата Алфа, тој извршил самоубиство.
При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол Астра А-80, кој е подигнат за вештачење. Според првичните информации од истрагата, причина за немилиот настан се семејни недоразбирања.
Сторителот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка