| четврток, 6 декември 2018 |

Незгода на свадбата: Бегајќи од папараците, џипот на Теодосиќ удрил во автомобилот на негов пријател

Денес во брак стапува еден од најдобрите српски кошаркари, Милош Теодосиќ, па медиумите од соседството уште од утрово будно го следат секој негов чекор. Како што јавија, на патот кон ресторанот каде што ќе се одржи свадбената веселба, во близина на домот на Теодосиќ се случила мала сообраќајна несреќа.

Затемнетиот џип во кој на задното седиште седел кошаркарот на ЦСКА Москва, враќајќи се во рикверц удрил во автомобилот на еден од пријателите на младоженецот, но проблемот брзо го решиле и продолжиле кон местото на веселбата.

За потсетување, Теодосиќ денес ќе стапи во брак со српската актерка Јелисавета Орашанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top