Како што се долго се дебатираше за бојата на фамозниот фустан на социјалните мрежи, деновиви на интерент кружи една слична дилема поврзана со оваа фотографија.
На прв поглед на фотографијата нема ништо необично. На чинија се чини дека има испржено јајце на око и помфрит, но сепак не станува збор за оваа храна. Многумина од корисниците на социјалните мрежи долго погодуваа што има во чинијата, за на крајот авторот на сликата да открие дека состојките се јаболка, исецкани во форма на помфрит, половина праска и овошен јогурт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.