| четврток, 6 декември 2018 |

Често јадете помфрит? Подобро престанете, бидејќи немаме добри вести за вас

Резултати од едно истражување објавено неодамна покажуваат дека постои врска меѓу пржените компирчиња и зголемениот ризик од смрт.

Истражувањето покажало дека луѓето кои јадат помфрит најмалку двапати во неделата имаат двојно поголем ризик по животот од луѓето кои не јадат пржени компирчиња.

Иако резултатите не покажаа дека компирчињата директно „убиваат“ луѓе, тие едноставно ја покажуваат врската меѓу луѓето кои починале и нивните прехрамбени навики.

Во истражувањето учествувале 4.440 луѓе на возраст меѓу 45 и 79 години во текот на осум години. Вкупно 236 учесници во истражувањето починале по завршување на истражувањето, а токму тие јаделе пржени компирчиња најмалку двапати неделно.

Нутриционистката Џесика Кординг изјави дека не е изненадена од резултатите.

– Пофритот е храна која обезбедува многу калории, сол, трансмасни киселини, а има мининална нутритивна вредност. Повеќе му штети, отколку што му користи на телото – вели Кординг.

Според неа, важно е што се јаде со помфритит.

На пример, неколку компирчиња со салата може да доведе до поинакви ефекти по здравјето, за разлика од 200 грама помфит со хамбургер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top