Поддржувачите на СДСМ и луѓе кои беа дел од „Шарената револуција“ со поддршка за педофилијата? Новиот министер за култура Роберт Алоѓозоски отвори настан каде што се дискутираше за ЛГБТ лицата и нивната општествена состојба. На настанот „Вечер на раскажување на квир приказни“, проект финасиран од Сорос Македонија, говореше Никола Шиндре, учесник на „Шарената револуција“ , кој јавно преку своите текстови ја релативизира педофилијата.
Шиндре пред два дена на својот Фејсбук профил го објави својот текст во кој ја правда педофилијата како нагон, кој требало да биде разран, а не дека станува збор за силување на малолетници.
Шиндре во својот скандалозен текст, пишува: – Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.
Изненадувачки е бројот на лицата блиски до СДСМ и од „Шарената револуција“ кои дадоа поддршка на ваквиот став на Шиндре. Ирена Цветковиќ, Кочо Андоновски, Румена Бужаровска, се само дел од луѓето блиски до СДСМ кои го поддржаа ова размислување на Никола Шиндре.
Текстот на Никола Шиндре во кој пишува: „Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50 годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира!?“, на линкот споделен на Фејсбук го поддржуваат голем број активнисти на СДСМ и луѓе кои беше едни од најгласните за време на „Шарената револуција“.
Граѓаните се плашат дека фактот што министерот за култура отвара дискусии за ЛГБТ заедниците и разговори со кои се релативизира педовијата како кривични дело од најтежок вид, може да значи дека СДСМ се подготвени за одредени законски олеснувања кога е во прашање ова кривично дело.
Со поддршка за овој текст на Шиндре излезе и едно од најгласните новинарски пера на СДСМ, Билјана Секуловска. Според нејзините зборови овој текст претставува неопходност за едукација на младите.
-Текстот на Никола Шиндре не го прочитав како поддршка на педофилијата, туку неопходност од едукација на младите, кои се изгубени во самоспознавањето, затоа што се лишени од комуникација, напиша на Фејсбук Секуловска.
Со реакција на овој текст, излезе и еден од најреномираните светски невропсихијатри, др. Горазд Росоклија. Тој вели дека основна обврска на секое општество е да ги заштити своите деца, највулнерабилната група во општеството.
Фејсбук статус на Горазд Росоклија:
НАШИТЕ ДЕЦА
Педофилите се или криминалци кои ја отслужиле казната или неосудени криминалци чие злодело останало неоткриено.
Луѓето со педофилски пулсии се потенцијални криминалци кои можат да повредат дете. Можат да побараат третман или да направат злодело. Тие го прават изборот, не општеството.
Основна обврска на секое општество е да ги заштити своите деца, највулнерабилната група во општеството.
Заштитата на детето е над граѓанското право на педофилот според одлуката на Врховниот суд на САД во врска со законот на Меган Канка ( девојче силувано и убиено од осудуван педофил).
Дали според СДСМ ова е отварањето на општеството, нашите деца да бидат силувани, а педофилите поради тоа што сме требале да го сфатиме нивниот „нагон“, да поминат неказнети. Граѓаните револтирани од однесувањето на новата владеачка, се прашуваат дали СДСМ на мала врата ја протнува педофилијата како нормална општествена појава и дали истата ќе биде реализирана?
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)